Драмата за лажната наследничка има највисок рејтинг на „Нетфликс“

Inventing Аnna („Измислување на Ана“) бележи најмногу часови гледање серија на англиски јазик во една недела откако стриминг-платформата започна нов систем на оценување минатото лето.

Во серијата од девет дела, Џулија Гарнер ја глуми лажната наследничка Ана Сорокин.

Серијата била гледана 196 милиони часа минатата недела, што е плус 77 милиони часови гледање првиот викенд кога започна да се емитува (11 февруари).

Претходниот највисок број часови на гледање имаше психолошкиот трилер серија You , чија трета сезона оствари 179 милиони часови во октомври. Следни на листата серии на англиски јазик со најголем број часови гледаност се The Witcher, Maid и Sex Education.

Сепак, Squid Game, драма на корејски јазик, останува најгледана серија на „Нетфликс“ во целина, задржувајќи се на врвот со речиси 572 милиони часови во една недела. Друга јужнокорејска серија All of Us are Dead  и шпанската крими драма Money Heist биле гледани 236 милиони и 202 милиони часови во една недела.

„Измислување на Ана“ се заснова на истражувачка сторија на њујоршко списание (The New York Magazine) за Сорокин, која, претставувајќи се како Ана Делви, ги убедувала луѓето дека е богата наследничка од Германија.

Всушност, се утврди дека таа измамила пријатели, хотели и банки за неверојатни суми пари. Во 2019 година, била осудена по повеќе обвиненија за измама.

Серијата ја следи упорната новинарка Вивијан Кент, која ја глуми Ана Чламски, во нејзините очајнички обиди да ја открие вистината.

Приказната почудна од фикција е адаптирана од продуцентката/сценарист Шонда Рајмс и нејзината компанија „Шондаленд“, креатори на хит-сериите „Бриџертон“ и „Вовед во анатомија“.

Текстот Драмата за лажната наследничка има највисок рејтинг на „Нетфликс“ е превземен од МАКФАКС.