Дурент го прегази Детроит, Леброн со трипл-дабл во победата над Орландо

Кевин Дурент го предводеше Бруклин Нетс до победа кај еден од најлошите тимови во лигата, Детроит Пистонс. Бруклин славеа со 116:104 и ја забележаа седмата победа на последните девет натпревари. Детроит се наоѓаат во серија од 12 порази.

Дурент натпреварот го заврши со 51 поен (индивидуален рекорд сезонава во НБА лигата), седум скока и девет асистенции. Осми пат во кариерата Кеј Ди успеа да постигне 50 или повеќе поени.



Орландо Меџик во 48 часа доживеаја два порази во Лос Анџелес. По Клиперси, Меџик, ги поразија и ЛА Лејкерси. Леброн Џејмс со трипл-дабл го предводеше својот тим до победата 106:94.

Џејмс натпреварот го заврши со 30 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Резултати: Сан Антонио-Њу Орлеанс 112:97, Оклахома-Далас 94:103, Портланд-Минесота 111:116.

Текстот Дурент го прегази Детроит, Леброн со трипл-дабл во победата над Орландо е превземен од МАКФАКС.