Дванаесет пациенти го преживеаја пожарот во Тетово

/

Во ковид-центарот во Тетово за време на пожарот кој избувна синоќа имало 26 пациенти, од кои 14 загинаа, а останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност, информира Министерството за здравство.

Од таму потврдија дека нема настрадани здравствени лица, а неколкумина од нив се со полесни повреди.

„Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“, се наведува во соопштението.

Текстот Дванаесет пациенти го преживеаја пожарот во Тетово е превземен од МАКФАКС.