Две лица загинаа во протестите во Судан

Две лица беа убиени кога демонстрантите се собраа во главниот град Картум за да протестираат против воениот удар на 25 октомври минатата година.

Според агенцијата АП, суданските безбедносни сили употребиле солзавец за да ги растераат илјадниците насобрани демонстранти што маршираа на главната улица во Картум во правец на претседателската палата.

Суданските власти соопштија дека се убиени висок офицер и демонстрант, а полицијата соопшти дека висок офицер бил убиен додека обезбедувал протест во близина на претседателската палата.

Текстот Две лица загинаа во протестите во Судан е превземен од МАКФАКС.