„Двојка“ на Бензема за 1.001-от гол за Реал Мадрид, Милан останува без победа

Реал Мадрид и Лигата на шампионите – клубот и натпреварувањето што се нераскинливо поврзани, што уште еднаш се докажа во средата кога „кралевите“ стигнаа до 2:1 победа над Шахтјор Донецк, натпревар во кој Карим Бензема двапати стрелаше и така стана стрелец на 1.000-тиот и на 1.001-от гол за својот клуб во елитното европско натпреварување.

Секако, „кралевите“, носители на 13 европски круни, се единствени што успеале да стигнат до оваа неверојатна бројка на голови во Лигата на шампионите (и поранешниот Европски куп).

Бензема во 14. минута од мечот ја уфрли топката во голот по слабата одбрана на Шахтјор и одличното проигрување од Винисиус Жуниор за јубилејниот 1.000. гол. Украинскиот клуб успеа да израмни во 39. минута преку Фернандо, но Бензема повторно ги врати кралевите во водство во 61. минута од мечот.

 

За разлика од најтрофејниот клуб во историјата на ЛШ, вториот на вечната листа, Милан, ќе мора да има многу среќа да влезе во нокаут-фазата откако одигра само 1:1 со Порто дома освојувајќи ги првите поени по четири меча и по седум години паузирање од европската елита.

На „Сан Сиро“ гостите поведоа уште во шестата минута од мечот преку Луис Дијаз и тимот на Сержо Консеисао имаше далеку повеќе шанси во првото полувреме пред Милан да израмни во 61. минута со автоголот на Мбемба. Ниту влегувањето на Златан Ибрахимовиќ не помогна и „росонерите“ сега имаат само еден поен по четири меча и дуели со Ливерпул и Атлетико Мадрид за крај на групната фаза.

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 4. КОЛО

ГРУПА Б

Милан – Порто 1:1

Ливерпул – Атлетико Мадрид 21 ч

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1463-36886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Д

Реал Мадрид – Шахтјор Донецк 2:1

Шериф Тираспол – Интер 21 ч

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1465-36886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот „Двојка“ на Бензема за 1.001-от гол за Реал Мадрид, Милан останува без победа е превземен од МАКФАКС.