Џеф Безос и Лорен на гала вечер во Лос Анџелес

Милијардерот Џеф Безос во саботата вечер уживаше во ѕвездена свеченост во Лос Анџелес во друштво на својата партнерка Лорен Санчез.

Основачот на „Амазон“ (57) присуствуваше на LACMA Art + Film гала облечен во елегантен смокинг, а неговата гламурозна втора половина, воодушеви во блескав сребрен фустан со отвор во средината.

Весниците коментираат дека двојката била слика на стил на црвениот тепих.

Џеф ја држи раката на половината на Лорен на свеченоста, на која беа магнет за фоторепортерите, во ултраелегантно издание од глава допетици.

Сите погледи беа вперени во Лорен, копретседател на фондацијата Bezos Earth Fund.

Текстот Џеф Безос и Лорен на гала вечер во Лос Анџелес е превземен од МАКФАКС.