Џејмс (повторно) среде натпревар се искара со тренерот

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, повторно влезе во клинч со тренерот Звездан Митровиќ. Американецот одигра неколку минути против Милано, пред да биде испратен во соблекувалната поради неодговорната игра.

Џејмс, на паркетот влезе во финишот на првата четвртина, а откако на почетокот на втората направи неколку грешки, тренерот го извади од игра.

Ваквата одлука не му се допадна на кошаркарот, тој влезе во расправија со тренерот, а потоа помошникот на Митровиќ го испрати во соблекувалната. Во текот на мечот, Џејмс се врати на клупата на Монако.

Ова е втор пат, среде натпревар, Џејмс да покажува фрустрации и да влегува во расправија со тренерот.

Пред еден месец истото се случи и на натпреварот со Ефес во Истанбул.

Мајк Џејмс, поради ваквото однесување, минатата сезона доби отказ во ЦСКА Москва. Во финишот од сезоната и во плеј-офот играше за Бруклин Нетс. Пред почетокот на новата сезона тој стана играч на Монако.

Si dialoga sulla panchina del Monaco. Mike James avvia il suo match con una persa e una sigaretta in difesa sul Chacho.
Ovviamente, gli basta il nulla per cambiare la gara. Sua e non solo. pic.twitter.com/AAiw52GOd3

— 𝔸𝕝𝕖𝕤𝕤𝕒𝕟𝕕𝕣𝕠 𝕄𝕒𝕘𝕘𝕚 (@AlessandroMagg4) December 10, 2021

Текстот Џејмс (повторно) среде натпревар се искара со тренерот е превземен од МАКФАКС.