Џенова се раздели со Андриј Шевченко

Андреј Шевченко повеќе не е тренер на фудбалерите на Џенова. Лошите резултати му пресудија на Украинецот, во неговиот мандат Џенова не забележа ниту една победа.

Андреј Шевченко, во ноември минатата година, дојде во Џенова на местото на Давиде Балардини. Очекувањата беа дека ќе успее да внесе малку живот во тимот, но не успеа.

Украинецот ја предводеше Џенова на девет натпревари во Серија А, успеа да освои само три бода. Шевченко, ја остава Џенова на претпоследната позиција на табелата, на која беше и пред неговото доаѓање.

Текстот Џенова се раздели со Андриј Шевченко е превземен од МАКФАКС.