Џон Абрахам како супервојник ветува добра акцијa во трејлерот за „Напад“

Вториот трејлер од претстојниот филм Attack („Напад“) на Џон Абрахам беше објавен доцна во понеделникот, и се чини дека е интересен микс на Avengers („Одмазници“) и White House Down („Белата куќа под опсада“).

Во акциониот трилер Абрахам глуми армиски ветеран кој волонтира да стане дел од владиниот експеримент за создавање супервојници. Во трејлерот на филмот има и ветувачки CGI и акциони сцени со висока октава.

Покрај Абрахам, главните улоги ги имаат и Ракул Прет Синг и Жаклин Фернандез.

Текстот Џон Абрахам како супервојник ветува добра акцијa во трејлерот за „Напад“ е превземен од МАКФАКС.