Џонсон: Новите економски санкции ќе ја срушат руската економија

Во договор со нашите сојузници, денеска ќе донесеме огромни економски санкции кои ќе ја срушат руската економија, изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.

„Не можеме само мирно да гледаме“, изјави Џонсон.

Британскиот премиер го нарече рускиот претседател Владимир Путин диктатор, а инвазијата врз Украина „грозен и варварски потфат“.

Текстот Џонсон: Новите економски санкции ќе ја срушат руската економија е превземен од МАКФАКС.