Еден од уапсените организатори на протестот во Тетово започнал штрајк со глад

Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот во Тетово пред два дена ги известил властите на истражниот затвор Шутка дека започнал штрајк со глад, објави Алсат.

Од затворот за телевизијата информираат дека неговата здравствена состојба, во моментов е добра. Петмината приведени се сместени во посебни простории поради мерката за изолација за заштита од вирусот.

Пет лица од завчера се во осумдневен притвор од 8 дена.