Еди Хау ќе го преземе Њукасл јунајтед

Њукасл јунајтед решиле кој ќе го наследи Стив Брус на менаџерската позиција. Англиските медиуми тврдат, дека довербата ќе ја добие Еди Хау. Досега Њукасл го одбија Рафа Бенитез, Брендан Роџерс, Зинедин Зидан и Унаи Емери.

Еди Хау е еден од најталентираните англиски тренери. Поранешниот менаџер на Борнмут,на интервјуто, ги импресионирал газдите на клубот. Тој детално им ја соопштил неговата визија како клубот треба да работи во иднина.

Хау има 43 години, во два мандати вкупно осум години бил менаџер на Борнмут.

Текстот Еди Хау ќе го преземе Њукасл јунајтед е превземен од МАКФАКС.