Египет и Израел разговарале за заживување на мировните преговори

Египетското претседателство информира дека високи претставници на Египет и на Израел разговарале за напорите за заживување на палестинско-израелските мировни преговори, пренесува израелскиот радиодифузер „Кан“.

Во телефонски разговор реализиран вчера, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и неговиот израелски колега Исак Херцог разговараале за билатералните односи и за теми од заеднички интерес по што Ал-Сиси му го честитал на Херцог неодамнешното преземање на функцијата.

Во сличен контекст претседателството објави дека Египет се подготвува по еврејските празници, да ги продолжи индиректните контакти меѓу Израел и Хамас во врска со договорот за размена на затвореници.

Текстот Египет и Израел разговарале за заживување на мировните преговори е превземен од МАКФАКС.