Елмас и Наполи „совршени“ – четврта победа за првото место во Италија

Наполи под водство на Лучано Спалети е единствениот италијански клуб кој има четири победи во четири натпревари од новата сезона, откако со 0:4 славеа на „Дачија арената“ против Удинезе, во меч во кој Елиф Елмас беше стартер.

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен ја продолжи голгетерската серија, отварајќи го резултатот во 24. минута за Косовецот Амир Рахмани само 11 минути подоцна да зголеми на 0:2. Дефанзивецот Калиду Кулибали зголеми на 0:3 во 52. минута, пред замената Ирвинг Чаки Лозано во 84. да ги постави конечните 0:4.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Елмас и Наполи „совршени“ – четврта победа за првото место во Италија е превземен од МАКФАКС.