Ентони Блинкен: Вратата на НАТО ќе остане отворена за нови членки

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска повтори дека вратата на НАТО ќе остане отворена за новите членки и покрај барањето на Русија да го забрани членството на Украина во преговорите оваа недела.

„Владимир Путин ќе го избере патот на дипломатијата и дијалогот за да реши некои од овие проблеми или ќе продолжи со конфронтацијата и агресијата“, истакна Блинкен во интервју за MSNBC, пренесе „Ројтерс“.

Текстот Ентони Блинкен: Вратата на НАТО ќе остане отворена за нови членки е превземен од МАКФАКС.