Ердоган: Нападот на Русија врз Украина е тежок удар за мирот и стабилноста во регионот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод руската воена интервенција во Украина изјави дека овој чекор претставува тежок удар за мирот, просперитетот и стабилноста во регионот.

Според Анадолија, Ердоган денеска претседаваше со состанокот на Советот за безбедност во Претседателската палата во Анкара, на кој главна тема беше руската воена операција во Украина, која беше започната утрово со одлука на рускиот претседател Владимир Путин.

Турскиот претседател рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека ја допреле најновата ситуација по рускиот напад на Украина.

Текстот Ердоган: Нападот на Русија врз Украина е тежок удар за мирот и стабилноста во регионот е превземен од МАКФАКС.