Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека постигнал договор со украинскиот претседател Владимир Зеленски да организира средба со неговиот руски колега Владимир Путин.
– Москва позитивно одговори на нашата покана да ја посетиме Турција по посетата на Путин на Кина. Сега ќе го дефинираме датумот, а потоа, се надевам, сакаме да одржиме средба на високо ниво, да ги собереме претседателите на Русија и Украина. Постигнавме договор со Зеленски во овој поглед – рече Ердоган, пренесува Си-ен-ен Турк.
Ердоган претходно ја посети Украина, каде со Зеленски, меѓу другото, разговараше и за желбата на Анкара да посредува во решавањето на кризата во Донбас.
Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин, претходно изјави дека неговиот шеф ги повикал рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски да ги „решат несогласувањата“ меѓу двете земји.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека за средбата меѓу Путин и Зеленски во Турција сè уште не се разговарало во пракса, но дека рускиот претседател вели дека е подготвен да се сретне со секого на деловен план и дека мора да има разбирање за тоа што ќе се разговара и што треба да се постигне со таквите разговори.
Текстот Ердоган тврди дека постигнал договор за средба со Путин е превземен од МАКФАКС.