ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за сите пред малите екрани поради последниот меч во националниот дрес на Горан Пандев, кој можеби не го доби посакуваниот излез со гол и со изненадување, но секако мораше да ја почувствува љубовта на своите соиграчи, навивачи, но и на сите неутрални љубители на фудбалот.

Холанѓаните, секако, веќе го имаа обезбедено првото место на табелата, додека Австрија директно оди понатаму како второпласирана по 1:0 победата над Украинците, кои ќе чекаат да влезат меѓу четирите најдобри третопласирани.

Емотивното попладне во Амстердам почна со македонската химна и со посебниот дрес кој Пандев го доби од холандската фудбалска федерација со бројот 122 по бројот на настапи во националниот дрес, по што следуваше едно фантастично полувреме на момците на Игор Ангеловски.

Имавме поништен гол поради офсајд преку Иван Тричковски, и удар во стативата преку Александар Трајковски и една сомнителна ситуација во која токму Пандев беше фаулиран, а по брзата контра, Холанѓаните поведоа преку Мемфис Депај. Второто полувреме не започна најдобро за нас, откако капитенот Џиџио Вајналдум постигна два гола за само 7 минути, решавајќи го победникот предвреме.

Потоа следуваше и емотивниот момент во 68. минута, кога селекторот Ангеловски го повлече од игра Пандев, кој доби шпалир од своите соиграчи, но и аплаузи од публиката на „Јохан Кројф арената“. Во второто полувреме ни беше поништен уште еден гол, тој на Дарко Чурлинов, повторно поради офсајд ситуација.

ГРУПА Ц

Македонија – Холандија 0:3

Австрија – Украина 1:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1686-26542”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Графика: Sofascore за Топспорт.мк



Текстот ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето е превземен од МАКФАКС.