Еврокомесарот Вархеји изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во несреќата во Бугарија

Рано утринава пристигнаа страшни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по повод несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, а 7 се повредени, јавува БГНЕС.

„Сите мои мисли се до роднините на жртвите, на кои им изразувам сочувство, како и до пријателите на жртвите. Сочувство до сите во РС Македонија и до владата во земјата. На ранетите им посакувам брзо закрепнување “, рече Вархеји.

Извор: Трибуна