Европскиот суд за човекови права: Русија е одговорна за убиството на шпион во Англија

Русија е одговорна за убиството на Александар Литвиненко, според одлуката на Европскиот суд за човекови права.

Литвиненко беше поранешен агент на ФСБ, кој почина три недели откако пиeл чај во хотел во Лондон. Во пијалокот бил додаден смртоносен полониум-210.

Роберт Овен, кој спроведе истражување за смртта на Литвиненко, напиша дека е сигурен оти двајца поранешни руски службеници го отруле Литвиненко.

Русија ги отфрли сите обвинувања дека е вмешана во смртта на Литвиненко.

Текстот Европскиот суд за човекови права: Русија е одговорна за убиството на шпион во Англија е превземен од МАКФАКС.