Фановите ги коментираат насловите на песните од претстојниот албум на Адел

Познати се имињата на песните од долгоочекуваниот албум на Адел, кој треба да излезе на 19 ноември.

Насловите на песните најпрво се појавија на веб-страницата „Таргет“ и набрзо се проширија на социјалните мрежи. Новиот албум вклучува 12 песни и три бонус песни.

Насловите на песните од албумот „30“се: Strangers by Nature, Easy On Me, My Little Love, Cry Your Heart Out, Oh my God, Can I get it, I Drink Wine, All Night parking, Woman like me, Hold on, To be loved, Love Is A Game.

Фановите на британската ѕвезда не престануваат да ги коментираат имињата на песните на Твитер, а веќе пишуваат која од песните ќе им биде омилена, судејќи само по нејзиното име.

Еден фан твитна: Can I get it и Cry Your Heart Out ќе ме убијат. Друг коментар: „Ќе ми требаат резерви марамчиња“. Woman like me ќе биде химна. Веќе плачам. Едвај чекам да слушнам… се само дел од коментарите.

Текстот Фановите ги коментираат насловите на песните од претстојниот албум на Адел е превземен од МАКФАКС.