ФБИ уапси сериски убиец, го издала тетоважата на чело

ФБИ соопшти дека уапсила сериски убиец за кој верува дека е одговорен за убиство на шест лица и ранување на уште две низ Мисури и Канзас.

Перез Рид (25) е уапсен во петокот откако се симнал од воз во Индепенденс, Мисури, се вели во соопштението на ФБИ.

Инспекторите рекоа дека Рид имал билет за патување од Сент Луис и дека со себе носел пиштол калибар 40 во моментот на апсењето.

„ Овој калибар се совпаѓа со чаурите од огнено оружје пронајдени во нерешените престрелки во градот и округот Сент Луис во септември 2021 година“, се вели во соопштението.

„Најмалку шест жртви беа застрелани, четири смртоносно, од ист калибар“, се додава.

Си-Ен-Ен побара коментар од адвокатот на Рид. Рид во петокот се согласил да одговори на прашањата на агентите и ги отфрлил сите наводи дека повредил некого, се наведува во неговата изјава пред судот во Мисури.

Жртвите биле застрелани меѓу средината на септември и крајот на октомври, според временскиот распоред наведен во неговата изјава. Рид живеел во Сент Луис, но отпатувал во Канзас Сити, додава ФБИ.

Текстот ФБИ уапси сериски убиец, го издала тетоважата на чело е превземен од МАКФАКС.