Федерер со ретка пофалба: Тоа што го направи Новак е неверојатно

Иако во минатото беа лути ривали и честопати медиумите ги претставуваа како тенисери кои едвај ја зачувуваат учтивоста еден кон друг, Роџер Федерер имаше само зборови на пофалба за Новак Ѓоковиќ и неговата неверојатна сезона 2021.

Ѓоковиќ не успеа да оствари златен слем оваа сезона, откако загуби на Олимпијадата во Токио, но и во финалето на САД опен од Данил Медведев. Тој претходно доминираше на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон за да се израмни со 20 гренд слем титули со Федерер и Рафаел Надал.

Србинот ќе станеше првиот кој освоил четири гренд слема во една година по Род Лејвер во 1969 година.

„Беше убаво да се види обидот на Новак да го израмни календарскиот гренд слем на Лејвер, мислам дека во иднина е можно тоа да се оствари, бидејќи јас, Рафа и Новак бевме многу блиску. Мислам дека ви е потребна малку среќа, издржливост и сила, тешко е, но не е невозможно. Тоа што го направи Новак оваа година е навистина исклучително“, вели Федерер.

Текстот Федерер со ретка пофалба: Тоа што го направи Новак е неверојатно е превземен од МАКФАКС.