Фенер победи во Москва, Звезда го понижи Панатинаикос

Фенербахче по повеќето порази во последните моменти од мечот, успеаја да стигнат до 92:81 победа на гости кај ЦСКА Москва, предводени од Нандо де Коло, кој зарши со 18 поени.

Двоцифрени беа и Јан Весели (17), Девин Букер (13), Маријал Шејок (12) и Марко Гудуриќ (13), додека на ЦСКА не му помогна ниту сензационалниот Вил Клајбурн со 26 поени.

ЦСКА паѓа на 4-4 скор оваа сезона, додека Фенер по слабиот старт имаат 3-5 скор.

Црвена звезда, пак, по четири порази во низа во Евролигата, стигна до неверојатно доминантна 81:48 победа над Олимпијакос, подобрувајќи го скорот на 3-5.

Звезда имаше дури 19 поени предност во средината на третата четвртија (53:24) во меч со споро темпо и многу промашувања. Панатинаикос успеа да уфрли само еден од 14-те обиди во првите половина час игра. Ова е најлош пораз на Пао во историјата на Евролигата.

Нејт Волтерс имаше 18 поени за Звезда со 3 скока и 2 асистенции, додека Остин Холинс заврши со 11 поени. Пао сега има 2-6 скор.

ЕВРОЛИГА, 8.КОЛО

Црвена звезда – Панатинаикос 81:48 (21:8, 18:18, 18:10, 24:12)

ЦСКА Москва – Фенербахче 82:91 (21:25, 23:24, 18:20, 20:22)

Олимпија Милано – Барселона

Асвел Лион – Уникс Казан



(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42527-37474”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Фенер победи во Москва, Звезда го понижи Панатинаикос е превземен од МАКФАКС.