Феноменалниот Јокиќ со 35 поени ги сруши Спарси

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра нова сјајна партија во НБА лигата во победата на Денвер против Сан Антонио Спарс, 127-112. Тој постигна 35 поени со 17 асистенции и 8 скока.

Денвер мечот го скрши во втората четвртина во која Нагетси постигнаа 44 поени и на полувреме отидоа со +16. До крајот на мечот Јокиќ и другарите мирно ја сочуваа предноста. Ховард додаде 21 поен, а Морис 19.

Кај Спарси Лони Вокер постигна 16 поени, а Висел броеше до 15.

Филаделфија на крилата на Ембид кој имаше 26 поени и 9 скока ги победи Голден Стејт со резултат 102-93.
Јута, пак, беше подобра од Вашингтон со 123-98.

Мајами лесно со 118-92 славеше против Чикаго, додека Мемфис благодарение на Брокс и неговите 25 поени го совлада Хјустон со 113-106.

Клиперси со 106-104 го совладаа Орландо, а Кливленд со 117-103 беа подобри од Сакраменто.

Текстот Феноменалниот Јокиќ со 35 поени ги сруши Спарси е превземен од МАКФАКС.