Ферги беше во право? Роналдо може до хет-трик со Милвол, Меси не

Сер Алекс Фергусон никогаш не криел дека го смета Кристијано Роналдо за најдобар играч на светот, His Boy, миленик и фаворит. Но, коментарите на легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед повторно добија на сила на социјалните мрежи по разните стартови на Роналдо и неговиот најголем ривал Лео Меси во своите нови клубови.

Додека Роналдо во првите три меча по враќањето на „Олд Трафорд“ постигна четири гола за Јунајтед, предводејќи ги до две победи и еден пораз (во ЛШ), првите три меча на Лео Меси во Пари Сен-Жермен се за заборав – нула голови и контроверзии по лутењето по вчерашната доцна замена. Неговиот тим, пак, стигна до две победи и едно реми во тие три меча.

Во 2015 година Фергусон во разговор со снукер-легендата Џон Перот ги спореди двајцата фудбалери.

„Што кажуваат луѓето кој е најдобриот фудбалер на светот? Многу луѓе со право ќе кажат Меси – не можете да го побиете тоа мислење. Но, Роналдо би можел да игра за Милвол, Квинс Парк Ренџерс, Донкастер Роверс… Кој било тим на светот и да постигне хет-трик. Не сум сигурен дека Меси го може тоа. Тој е фудбалер за Барселона“, изјави тогаш Шкотланѓанецот.

Sir alex was right all along. “Ronaldo could play for anyone and score a hatrick in a game. I think Messi is a Barcelona player” pic.twitter.com/rcIxIbJjAl

— Daniel (@Dannn777) September 19, 2021

Текстот Ферги беше во право? Роналдо може до хет-трик со Милвол, Меси не е превземен од МАКФАКС.