Ферстапен: Пресреќен сум, сакам да останам со мојот тим до крајот на животот!

Возачот на Ред Бул – Макс Ферстапен рече дека е пресреќен откако ја освои првата шампионска титула во Ф1 по драмата во Абу Даби.

„Пресреќен сум. Нашата цел уште кога се собравме беше да го освоиме шампионатот, тоа и го направивме“ вели Ферстапен.

Тој денеска дојде до 10-тата сезонска победа иако во најголемиот дел од трката Луис Хамилтон беше на чело на колоната.

„Ова е неверојатно. Во текот на целата трка се борев, а тогаш се појави можноста, во последниот круг. Не знам што да речам. Ова е неверојатно, мојот тим и Хонда тоа го заслужуваат“ додаде Холанѓанецот.

Ферстапен на тој начин на „земјата на лалињата“ и ја донесе првата шампионска титула во Ф1. Посебно му се заблагодари на тимскиот колега, Серхио Перез кој во еден дел од трката му пружи силен отпор на Хамилтон за да може Ферстапен да профитира.

„Во мојот тим знаат дека ги сакам, се надевам дека ќе бидеме заедно во наредните 10-15 години. Не сакам никогаш да ги менувам. Сакам да останам со нив до крајот на животот, ако ме сакаат“ вели Ферстапен кој шампионатот го освои со 395,5 поени, само 8 повеќе од Британецот.

Текстот Ферстапен: Пресреќен сум, сакам да останам со мојот тим до крајот на животот! е превземен од МАКФАКС.