Филаделфија ги скроти Булс, Јокиќ промаши шут за победа

Филаделфија го победи Чикаго во дербито на Истокот (103:98). Далас, минимално славеа во Сан Антонио (108:109), а Денвер во драматичен финиш доживеа пораз во Мемфис (108:106).

Помладиот од браќата Кари, Сет, ја предводеше Филаделфија до победата над Чикаго. Сет Кари мечт го заврши со 22 поени, четири повеќе од Џоел Ембид, кој имаше и девет скока и седум асистенции.

Демар Дерозан со 37 поени, односно Зек Лавин со 27 поени беа најефикасни кај Чикаго.

Двата тима со скор од шест победи и два порази го делат второто место на Истокот.

Мемфис во драматична завршница славеа над Денвер. Никола Јокиќ со звукот на сирената промаши шут за продолженија. Актуелниот МВП забележа 34 поени и 11 скока. Подршка доби само од Вил Бартон (26 поени).

Четворица играчи се истакнаа во победата на Мемфис: Џарен Џексон (22 поени, 8 скока), Џа Морент (18 поени), Кајл Андерсон (16 поени), Дезмонд Бејн (16 поени).



Драматична победа остварија Далас Маверикс во Сан Антонио. Лука Дончиќ постигна 23 поени, со лош процент на реализација (10/25). Џејлен Брансон ги предводеше Маверикс со 31 поен. Одличен натпревар одигра и Бобан Марјановиќ кој за 15 минути на теренот постигна 17 поени.

Резултати:

Кливленд-Портланд 107:104
Индијана-Њујорк 111:98
Орландо-Бостон 79:92
Вашингтон-Торонто 100:109
Бруклин-Атланта 117:108
Минесота-ЛА Клиперс 115:126
Голден стејт-Шарллот 114:92
Сакраменто-Њу Орлеанс 112:99

Текстот Филаделфија ги скроти Булс, Јокиќ промаши шут за победа е превземен од МАКФАКС.