Филипче: Има жртви во пожарот во Тетово, во моментов се утврдува нивниот број

Министерот за здравство Венко Филипче кој се упати веднаш кон Тетово, на својот „Твитер“ профил објави дека има жртви во несреќата, и дека нивниот број се утврдува.

„Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.“, напиша Филипче.