Филипче: Од следната недела започнува масовна вакцинација

И оваа недела се очекува вакцинацијата на граѓаните да се одвива со бавно темпо поради недостаток на вакцини. Во моментов се достапни околу 15.000 вакцини за првата доза. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека за време на викендот се очекува да пристигнат 500.000 кинески дози од „Синовак“, како и значителна количина на Фајзер преку механизмот Ковакс, кои следниот понеделник ќе биде распределени во осум центри за вакцинација.

И покрај вториот случај со индискиот сој на вирусот, Филипче рече дека не се планира враќање на рестриктивните мерки. Според него, епидемиолошката состојба останува стабилна.

Досега во земјата се вакцинирани околу 240.000 граѓани, од кои околу 200.000 со две дози. Бројот на граѓани кои чекаат за имунизација е околу 180.000.

Извор: zoom.mk