Филипче се пофали дека после 70 години Здравствениот дом во Битола добил нов изглед

Министерот за здравство Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа facebook соопшти дека после 70 години, здравствениот дом во Битола „Д-р Хаим Абранавел“ добил нов изглед.

„За првпат после 70 години Здравствениот дом во Битола, д-р Хаим Абраванел доби нов изглед. Во проектот комплетно се обновени внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар. Дополнително, Здравствениот дом ќе добие ново амбулантно возило и целосна замена на кров. Честитки до директорката д-р Весна Спиркоска и целокупниот медицински персонал кој изминатиов период успешно се справуваше со менаџирање на ковид кризата во овој регион и успешно го спроведува процесот на имунизација“, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Facebook.

Извор: zoom.mk