Францускиот премиер позитивен на Ковид-19

Францускиот премиер, Жан Катекс, е позитивен на Ковид-19, објави во понеделникот вечерта палатата Матињон.

Од кабинетот на премиерот соопштија дека неговиот распоред ќе биде приспособен за да нема застој во неговите активности и тие да може да се реализираат додека е тој во изолација во следните десет дена.

Во понеделникот попладне, кога шефот на владата на Франција се враќал од Белгија, каде што оствари средба со својот колега Александар де Кро, дозна дека една од неговите ќерки, односно неговата 11-годишна ќерка, била позитивна на Ковид-19.

Веднаш по дознавањето на оваа информација, тој направил ПЦР-тест, кој се покажал позитивен.

Францускиот премиер, кој е на возраст од 59 години, пролетта прими две дози вакцина и оттогаш никогаш не бил позитивен на вирусот иако, како што е наведено, трипати бил во контакт со пациенти со Ковид-19.

Текстот Францускиот премиер позитивен на Ковид-19 е превземен од МАКФАКС.