Френки де Јонг за тешка победа на Барса кај Алавес

Барселона се врати на петтото место во шпанската Ла лига, откако стигна до тешко извојувана минимална 0:1 победа кај Алавес, клуб кој грчевито се бори за опстанок.

Овојпат „спасител“ на тимот на Барса повторно беше Холанѓанец со презиме Де Јонг, но не напаѓачот Лук де Јонг, кој пропушти неколку шанси и беше заменет, туку плејмејкерот Френки де Јонг, кој во 87. минута се најде на вистинското место.

Барса има 35 поени на петтото место, само еден зад четвртопласираниот Атлетико Мадрид, но уште големи 15 поени зад лидерот Реал Мадрид. Алавес се претпоследни со 17 поени, три под зоната за испаѓање.

FRENKIE DE JONG SCORES FOR BARCELONA pic.twitter.com/1nTCZkuu9u

— Jacob Meme (@jacobotweets) January 23, 2022

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Френки де Јонг за тешка победа на Барса кај Алавес е превземен од МАКФАКС.