Футсал-легендата Рикардињо се повлече од португалската репрезентација

Футсал-ѕвездата Рикардињо, или со цело име Рикардо Фелипе да Силва Брага, потврди дека се повлекува од португалската репрезентација, откако шест пати беше избран за најдобар футсал-играч на светот, а во националниот дрес одигра 187 меча и постигна 141 гол.

„Денеска ја објавувам крај на репрезентативната кариера и ова беше неверојатено и незаборавно искуство за мене. Не постои потешка одлука во мојата кариера“, изјави 36-годишниот Рикардињо.

Тој ја предводеше Португалија до првата светска титула оваа сезона, а во кариерата играше за Бенфика, Нагоја, ЦСКА Москва и францускиот АЦС.

🪄🇵🇹

187 caps
141 goals#FutsalEURO 2018 🏆#FutsalWC 2021 🏆

… but numbers do not tell the story of @ricardinho10ofi, who has ended his @selecaoportugal career today 🙏 pic.twitter.com/3s4SkOOXLn

— UEFA Futsal (@UEFAFutsal) November 9, 2021

Текстот Футсал-легендата Рикардињо се повлече од португалската репрезентација е превземен од МАКФАКС.