Ѓоковиќ ја „спаси“ работата и обезбеди полуфинале Србија-Хрватска!

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е број 1 на светот, откако победи во својот сингл меч, и заедно со Никола Чачиќ ја добија пресметката во двојки, за Србија со 2:1 да го совлада Казахстан и да постави фантастично полуфинале во Дејвис купот против Хрватска.

Откако во првиот меч, Михаил Кукушкин го победи Миомир Кецмановиќ со 7:5/4:6/7:6, Ѓоковиќ ја врати Србија во игра со лесната 6:3/6:4 победа над Александер Бублик, пред во двојки заедно со Чачиќ (инаку 1.536. на АТП листата), да стигнат до тешка 6:2/2:6/6:3 победа над Андреј Голубев и Александер Недовјесов за 2:1 победа.

Полуфиналето против Хрватска на програма е во петок во Мадрид. Во второто полуфинале, Германија го чека својот противник од двомечот Русија-Шведска.

Текстот Ѓоковиќ ја „спаси“ работата и обезбеди полуфинале Србија-Хрватска! е превземен од МАКФАКС.