Ѓоковиќ пристојно се испоти, но го мина Хачанов

Новак Ѓоковиќ се пласира во четврт-финалето на Дубаи-шампионатот откако го издржа камбекот на Карен Хачанов за со 6:3/7:6(2) да го совлада Русинот во својот втор меч во 2022 година по целиот австралиски скандал.

Првиот носител на турнирот така осигури дека останува во трка да го задржи првото место на АТП-листата пред друг Русин, Данил Медведев, кој оваа недела игра во Акапулко.

Во првиот сет Ѓоковиќ едноставно стигна до предност со брејк во четвртиот гем за 3:1 за да го освои сетот по нешто повеќе од половина час. Меѓутоа, во вториот сет, иако повторно имаше предност од 2:1 со брејк, Хачанов се врати на 4:4 за да принуди тај-брејк, во кој освои само два поена. Мечот траеше еден и пол час.

Следен за Ѓоковиќ е Чехот Јиржи Весели, кој со 6:2/6:4 го елиминира осмиот носител на турнирот Роберто Баутиста Агут.

A brilliant match and a brilliant win for Novak! 🤩 #DDFTennis #ATP @ATPTour pic.twitter.com/SLvrDycgwB

— Dubai Tennis Champs (@DDFTennis) February 23, 2022

Текстот Ѓоковиќ пристојно се испоти, но го мина Хачанов е превземен од МАКФАКС.