Ѓоковиќ се врати во Белград, без врева го напушти аеродромот

По голготата низ која мина во Австралија, Новак Ѓоковиќ се врати во Белград. Светскиот број 1, пред почетокот на Австралија опен, ја загуби правната битка со австралиската држава.

Федералниот суд, наложи депортација на Ѓоковиќ. Тој го напушти Мелбурн, а преку Дубаи, денес се врати во Белград.

Навивачи голем број новинарски екипи го чекаа Ѓоковиќ, на аеродромот „Никола Тесла“. Тој сепак ги заобиколи и без многу врева успеа да замине.

Ѓоковиќо стана доследен на најавата дека нема да го дава коментари додека трае Австралија опен, турнир на кој е рекордер со девет освоени титули.

Текстот Ѓоковиќ се врати во Белград, без врева го напушти аеродромот е превземен од МАКФАКС.