Гојо го шокираше Лајовиќ, Хрватска-Србија 1:0 – следува мега-мечот Ѓоковиќ-Чилиќ

Хрватска е на една победа од пласман во полуфиналето на Дејвис купот, откако 279. тенисер на АТП листата, Борна Гојо направи сензација и со 4:6/6:3/6:2 го победи Србинот Душан Лајовиќ, инаку 34. на АТП листата во интересната пресметка во Мадрид.

Гојо изненади со брејк на стартот на мечот, но потоа ја загуби контролата на мечот и го загуби првиот сет. Сепак, во вториот и трет сет, тој направи рани брејкови за да стигне до импресивна победа по два часа на теренот, со Лука Модриќ на трибините како поддршка.

По овој меч, следува пресметката на двајцата најдобри тенисери на двете селекции – светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и поранешниот гренд слем шампион Марин Чилиќ, а доколку дојде до израмнување, победникот ќе се одлучува во мечот во двојки, каде што Ѓоковиќ обично игра со Никола Чачиќ, додека за Хрватите ќе играат најдобрата двојка во светот на тенисот, Никола Мектиќ и Мате Павиќ.

Во второто полуфинале играат Русија и Шведска, а финалето се игра во недела во Мадрид.

Текстот Гојо го шокираше Лајовиќ, Хрватска-Србија 1:0 – следува мега-мечот Ѓоковиќ-Чилиќ е превземен од МАКФАКС.