Гол на сезоната во Франција

Вахби Казри, го постигна голот на сезоната. Напаѓачот на Сент Етиен, во дербито на дното против Мец, го лоубаше противничкиот голман, Александар Окиџа од голема далечина.

Казри, ја зеде топката пред својот гол, тргна напред, забележа дека Окиџа е далеку од својот гол и испрати проектил од далечина од 68 метри. Топката заврши зад грбот на Окиџа.

Текстот Гол на сезоната во Франција е превземен од МАКФАКС.