Голден стејт ги декласираа Чикаго Булс

Голден стејт Вориорс ноќ по дебаклот во Милвоки, го декласираа Чикаго со 138:96. Булс и покрај поразот останаа лидери во Источната конференција, додека Вориорс се втори на Западот.

Без Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон, Вориорс, во првото полувреме ја обезбедија победата. Вориорс, во втората четвртина постигнаа 41 поен, на полувреме водеа со 78:47.

Интересно, во убедливата победа, Стеф Кари беше четвртиот најефикасен играч во својот тим.

Џонатан Куминга, постигна рекордни во кариерата 25 поени, Џордан Пул уфели 22, а Ендру Вигинс 21 поен. Кари мечот го заврши со 19 поени и по два скока и асистенции. Добар меч одиграа и Кевон Луни со 10 поени и 12 скока, односно Немања Бјелица со седум поени, седум асустенции и 11 скока.

Кај Чикаго светли точки беа Коби Бајт (20 поени) и Никола Вучевиќ (19 поени, 14 скока).



Текстот Голден стејт ги декласираа Чикаго Булс е превземен од МАКФАКС.