Голем удар за Македонија! Кирил Лазаров е повреден и нема да игра на цело ЕП!

Пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, за македонската ракометна репрезентација дојде најлошата вест која беше возможна – капитенот и селектор Кирил Лазаров нема да може да настапи на ниту еден меч од првенството откако се повреди на вчерашниот прв официјален тренинг.

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели. Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч“, се вели во објавата од Ракометната федерација на Македонија.

Фото: ЕПА

Текстот Голем удар за Македонија! Кирил Лазаров е повреден и нема да игра на цело ЕП! е превземен од МАКФАКС.