Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните

Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните. Од страна на Градот назначени се одговорни лица кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните, а дополнително се екипира и служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот, кои ќе делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, информираат од прес-службата на градот.

Ова е едно од ветувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска како дел од проектите кои се спроведуваат уште во првите 82 дена од градоначалничкиот мандат. Овие проекти, како што велат од Град Скопје, се дел од превземањето активности на овозможување ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе допринесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани.

Текстот Град Скопје формира 24-часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните е превземен од МАКФАКС.