Градоначалникот на Кочани е позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е позитивен на коронавирус.

Тој вчера ја презеде градоначалничката функција.

Папазов во неделата беше на состанок со партискиот лидер Христијан Мицкоски и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По состанокот, Папазов заедно со градоначалниците застана зад Мицкоски на прес-конференција пред Белата палата, пришто му се слоши и настанот беше прекинат.  Нешто подоцна, Мицкоски на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со кочанскиот градоначалник и напиша дека сe’ e во ред, порачувајќи му во иднина да не го прескокнува појадокот.

Текстот Градоначалникот на Кочани е позитивен на коронавирус е превземен од МАКФАКС.