Грегор Шлиренцауер замина во пензија

Грегор Шлиренцауер (31) еден од најдобрите ски-скокачи во историјата, донесе одлука да се пензионира. Австриецот ја заврши кариерата поради неколкуте тешки повреди на коленото.

Шлиренцауер со 53 победи во кариерата е апсолутен рекордер во Светскиот куп. Двапати во кариерата победил во генералниот пласман, двапати ја освоил и турнејата „Четири скокалници“. Најдобар ски-скокач бил во 2006 и 2014 година.

Австриецот освоил четири медали на Зимските олимписки игри (три во Ванкувер во 2010 и една во Сочи во 2014 година.

На светските првенства освил 17 медали, 10 од нив се златни.

Текстот Грегор Шлиренцауер замина во пензија е превземен од МАКФАКС.