Груби – Ветингтон: Оставката на Заев е избрзана, на Северна Македонија и треба политичка стабилност

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Олин Ветингтон.

Груби и Ветингтон на оваа средба разговараа за политичката состојба во земјата, со посебен акцент на локалните избори.

Груби истакна дека на Република Северна Македонија и треба стабилност, предвидливост и дека оставката на премиерот Заев е избрзана.

Груби му порача на членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Олин Ветингтон дека на земјата и е потребна стабилност во политиките наспроти енергетската криза која се очекува да ја зафати не само Северна Македонија туку и цела Европа, здравствената криза и не заборавајќи на продолжувањето на разговорите со Република Бугарија, но и строгото спроведување на Преспанскиот договор.

На крајот на оваа средба, Груби и се заблагодари на американската „ИРИ“ што и понатаму е силен поддржувач на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон развојот и интеграцијата во Европската Унија.

Текстот Груби – Ветингтон: Оставката на Заев е избрзана, на Северна Македонија и треба политичка стабилност е превземен од МАКФАКС.