Гудуриќ го предводеше Фенер до тешка победа против Жалгирис

Марко Гудуриќ заедно со Шехус Хазер и Ахиле Полонара ги предводеа Фенербахче до импресивна камбек победа над Жалгирис во 22. коло од Евролигата.

Литванскиот клуб имаше фантастичен почеток на мечот, но во последната четвртина Фенер ги декласираше своите противници за да стигне до 73:67 победа и подобрување на скорот на 9-10 во трка за плејофот, додека Жалгирис останаа на дното на табелата со 3-15 скор.

Гудуриќ имаше 19 поени, а додаде и пет асистенции, четири скока и три украдени топки, Хазер уфрли 13, а Полонара 10 поени, но и 8 скока.

Во Русија пак, Лоренцо Браун и Џон Браун беа во фантастична форма за Уникс Казан да стигне до 70:64 одмазничка победа над Барселона. Уникс загуби во продолженија во првиот меч меѓу двата клуба пред еден месец, но овојпат не дозволија проблем и сега имаат 12-7 скор со реални шанси за топ 4 пласман.0

Лоренцо Браун заврши со 22 поени, 8 асистенции, Џон Браун имаше 20 поени и 7 украдени топки, додека Барселона, која играше без Никола Миротиќ (КОВИД-19), го имаше најдобриот поединец со Кори Хигинс со 17 поени.

ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО

Уникс Казан – Барселона 70:64 (17.14, 14:21, 23:13, 16:16)

Зенит Санкт Петерсбург – Монако 77:86 (17:18, 15:18, 18:21, 27:29)

Фенербахче – Жалгирис 73:67 (7:13, 17.17, 20:21, 29:16)

Алба Берлин – Реал Мадрид 74:89 (15:19, 21:29, 20:25, 18:16)

Макаби Тел Авив – Олимпијакос 84:69 (19:16, 21:22, 26:18, 18:13)

Текстот Гудуриќ го предводеше Фенер до тешка победа против Жалгирис е превземен од МАКФАКС.