Гут Бехрами победи во Сент Мориц

Лара Гут Бехрами победи на трката во супервелеслалом, која се возеше во Сент Мориц. Гут Бехрами, во Сент Мориц ја забечеѓа 33,победа во кариерата.

Пред домашната публика, Гут Бехрами, победи со време 1:19.82 минути.

Второто место и припадна на Софија Гоџа од Италија, со време 1:20.00 минути. На најниското скалило на пиедесталот се искачи Американката Михаела Шифрин.

Американката води во генералниот пласман во Светскиот куп со 465 поени, втора е Гоџа со 395, а трета Петра Влхова од Словачка со 340 поени.

Утре во Сент Мориц ќе се вози трката во велеслалом.

Текстот Гут Бехрами победи во Сент Мориц е превземен од МАКФАКС.