Гвардиола пред дербито со Јунајтед: Мечот со Бриж беше најважен неделава!

На Манчестер Сити се чини не им оди по планот – Вест Хем ги елиминираше од Карабао купот, а потоа следуваше домашен пораз од Кристал Палас во Премиерлигата. Среќа за нив што успеаја со 3-1 да слават против Клуб Бриж во ЛШ.

Англија со нетрпение го чека дербито на Манчестер – судирот меѓу „ѓаволите“ и „граѓаните“.

Иако се чини во сабота Оле Гунар Солскјер ќе биде под поголем притисок, сепак и на Пеп Гвардиола не му е сеедно.

„Со сето ова што го направивме изминативе години, кога сте во Манчестер Сити, немате помош од никаде. Никој не помага, се што сторивме, го направивме сами и затоа сум посебно задоволен. Знаеме што се освоивме, сите претходни титули кои ги освоивме беа против големи клубови. Задоволството на освојување на истите со Сити е уште поголемо“ заклучи Гвардиола.

Шпанскиот стручњак открива и една анегдота пред дербито со Јунајтед.

„Луѓето се шегуваа со мене кога ми рекоа дека мечот со Бриж ќе е најважен оваа недела. И беше. Но сега е најважен мечот против Манчестер Јунајтед“ – заклучи Гвардиола.

Текстот Гвардиола пред дербито со Јунајтед: Мечот со Бриж беше најважен неделава! е превземен од МАКФАКС.