Гвардиола: Сити ми дадоа сѐ, никогаш нема да ги изневерам

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека ќе отворен и искрен со сите во клубот, кога ќе решава за понатамошните чекори во кариерата. Договорот на Гвардиола истекува наредната сезона, рекол дека е рано да размислува за понатамошните чекори.

„Сити ми дадоа сѐ. Не би било убаво од моја страна да го изневерам клубот, не можам да им направам ништо лошо. Заедно ја донесовме одлуката да дојдам во Манчестер сити, заедно два пати ги носевме одлуките да го продолжам договорот. така ќе биде и сега. Се ќе зависи од тоа дали тие ќе сакаат и понатаму да бидам овде и секако ќе зависи и од тоа дали јас се чувствувам добро во клубот“, рекол Гвардиола.

Шпанецот е на добра пат да ја освои четвртата шампионска титула во Премиер лигата, во последните шест години.
Сити, вечерва, ќе гостува кај Саутемптон. Натпреварот ќе започне во 18.30 часот.

Текстот Гвардиола: Сити ми дадоа сѐ, никогаш нема да ги изневерам е превземен од МАКФАКС.