Халанд: Клубот ме притиска да донесам одлука веднаш

Ерлинг Халанд, ја продолжи голгетерската серија против Фрајбург. Норвежанецот постигна два гола во победата 5:1, со која Борусија Дортмунд ја намали предноста на лидерот Баерн, на три бода.

Халанд, по дуелот, на новинарите им рекол дека клубот го притиснал и дека наскоро ќе мора да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

„Од почит кон клубот, изминатите шест месеци не сакав да зборувам за мојата иднина. Сепак, клубот започна да ме притиска да донесам одлука. Јас само сакам да играм фудбал, а тие сега ме притискаат да донесам одлука. Тоа значи дека наскоро ќе мора да решам што понатаму“, рекол Халанд и дополнил.

„Веќе ви кажав, извршија притисок, и покрај тоа што молчев од почит кон клубот и навивачите. Сега поради тој притисок некои работи мора да се случат. Клубот сака веднаш да донесам одлука“.

Текстот Халанд: Клубот ме притиска да донесам одлука веднаш е превземен од МАКФАКС.